Станува збор за копија на фустанот од Haute Couture колекцијата од 1988 година на Шанел, што го носеше своевремено, принцезата Дијана!
Имено, за потребите на филмот „Спенсер“ со Кристен Стујарт во главната улога, повторно е изработен оригиналниот фустан на кој работеле пет шивачки 1 034 чассови од кои дури 700 само на везење на украсите.
Филмот е во режија на Пабло Ларен и ги прикажува деновите кога принцезата Дијана решава да го напушти принцот Чарлс, а светската премиера ќе ја има на Венецискиот филмски фестивал утре.