Сутерен.мк

Холандската криза на идентитет

Државата официјално се вика Nederlands, како што ја нарекуваат и нејзините жители. Зборот “neder” значи понизок или долен, додека “lands” значи земји. Ниските и мочуришни терени во околината на Рајна се одговорни за кованицата, чиј буквален превод значи Пониски земји.

Холандија на германски се вика Niederlande, а на француски Les Pays – Bas што исто така се буквални преводи. Од каде тогаш Холандија?!

Холандија е всушност, име на само една провинција, а не на целата земја. Во текот на 16, 17 и 18 век, Холанѓаните покажувале поголема лојалност кон својата провинција отколку кон државата, па така на крајот ова име и заживеало. (Како што порано целиот Советски сојуз го нарекуваа Русија, така и Холандија стана исто што и Пониски земји или Ниска земја.)

Забуна плус, внесува што на англиски јазик Холанѓанецот се нарекува  Dutch, збор кој е постар од зборот Холандија. Се до 16 век жителите на Холандија се нарекувале себеси Diets, што во превод значи „народ“. Зборот се изговара како „дитс“, но во англискиот јазик дошло до менување во „дач“. Британците продолжиле да го користат средновековното име, иако дури ни самите Холанѓани веќе не го користат.

Холандија не мора да се справува само со забуните за своето име на државата туку и со името на главниот град. Службената престолнина е Амстердам, но седиштето на владата се наоѓа во Хаг. Официјалното име на Хаг гласи ‘s Gravenhage, што во превод значи „живата ограда на грофот“, со тоа што никој градот не го нарекува така, туку со колквијалното Den Haag (жива ограда или грмушка).

За толку мала, а напредна земја Холандија има и повеќе од доволно проблеми со кризата на идентитет. А ние мислиме дека нам ни е тешко!?

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *