Сутерен.мк

Што кажуваат омилените ни бои?

Наредете ги спонтано боите што се подолу – почнувајќи од таа што најмногу ви се допаѓа, па се до најнеомилената, На крајот од текстот прочитајте што кажуваат за вас…

Црна

Водачите сакаат црно. Оваа боја претставува силна волја, но и непристапност и немилосрдност.

Жолта

Радост, енергија, љубопитство, отвореност – сето тоа го симболизира жолтата. Љубителите на оваа боја сакаат промени, но и самите може да бидат променливи и површни.

Сина

Оние кои и се восхитуваат на сината боја се опуштени, задоволни, полни со љубов, љубезни и способни за длабоки релации. Меѓутоа не сакаат хаос, промени, нови почетоци…

Розова

Во позитивна смисла значи шарм, емпатија, припадност, способност за градење односи, ентузијазам… Но симболизира и солзи, зависност и наивност.

Зелена

Зелената означува стабилност на личноста. Оваа боја е пример за издржливост, сила на волјата и истрајност – во екстремни случаи и педантни и флегматични личности.

Сива

Кога работите ќе тргнат на лошо, љубителите на оваа боја умеат да останат со мирна глава. Тие во основа се малку постудени личности и понекогаш изгледаат како да не им е гајле. Меѓутоа, тие го одржуваат дадениот збор и на нив може да се потпрете во кризните времиња.

Црвена

Црвената симболизира страст, претставителност, самодоверба и еротичност. Личноста која сака црвена боја сака да доживее нови искуства, да го освои светот, но понекогаш заборава дека притоа треба да внимава и на другите.

Кафеава

Вљубениците во оваа боја ја сакаат удобноста, многу се сензуални и полни со љубов. Копнеат за едноставен и мирен живот.

За распоредот…

Првото и второто место покажуваат кон што тежнеете, третото и четвртото ја откриваат вашата моментна ситуација, петото и шестотот ги претставуваат неискористените прилики, а седмото и осмото се особините кои не ги сакате.

Извор…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *