Сутерен.мк

Што јаделе Спартанците?

Храната, како и се во Спарта, била подредена на добриот воин – на неговата сила и здравје – никако на уживањето…

Основната храна на Спартанција ја сочинувале пченицата и јачменот. Претходно ги потопувале во вода, а потоа ги мелеле и од нив правеле каши, леб или лепињи сушени на сонце.

Од овошје и зеленчук преферирале смокви, грозје, урми, кајсии, модар патлиџан и маслинки, а со оброците често било послужувано и сирење особено, козјо.

Конзумирале и дивеч и риба. Свинското, пилешкото и месото од патка било потенцирано во менито на младите воини.

Ексклузивно јадење (на кое сепак, им требало време да се навикнат) за Спартанците била необичната супа што ја јаделе со леб од јачмен. Приготвувана била од свинско месо, парчиња од срцето на свињата и нејзината крв бидејќи верувале дека тоа им дава сила.

Спартанките не заостанувале многу зад мажите. Бидејќи сметале дека само здрава и силна жена раѓа здрави и силни деца, тие активно се занимавале со спорт и тренирање и внимавале на исхраната. Меѓутоа, колку им да им бил животот посветен на раѓање идни воини и силни жени, тие не готвеле за своите животни партнери, Спартанците тоа го правеле сами.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *