Сутерен.мк

Љупчо Константинов е добитник на „11 Октомври“ за 2023-та

Композиторот Љупчо Константинов е добитник на државната награда „11 Октомври“ за 2023, највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности, соопшти Министерството за култура.

Наградата ќе му биде врачена на 11 Октомври во Собранието.

Љупчо Константинов (1946) дипломирал на Музичката академија во Белград. Автор е на музиката за бројни играни, документарни и анимирани филмови, ТВ-филмови, серии и драми, како и за над 60 театарски претстави. Меѓу другите, автор е и на музиката за филмовите „Среќна Нова 49“, „Македонска сага“, „Црвениот коњ“, „Тетовирање“, „Јужна патека“, „Хај-фај“ и други. Од неговата песна „Еј ти, младо момче“ во изведба на групата „Индекси“, неговата наградувана и изведувана авторска музика се смета за македонско музичко богатство.

Константинов (прв од лево) во 1960-те свирел соло гитара во битолскиот бенд „Комети“. (Фото: Од приватната архива на Петар Георгиев-Калица)

Композиторот во 2019 ја доби нарадата Голема ѕвезда на македонскиот филм на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола, а пролетва ја доби и наградата Златен објектив за 2023, која ја доделува Кинотеката на Македонија.

„Ако креираш според вкусот на народот, ништо нема да направиш. Ако креираш според она што народот треба да го чуе или види ќе направиш многу. Денес на младата генерација им е многу лесно. Мене ми беше многу тешко да дојдам до една партитура, ќе одев во музичка библиотека и со месеци чекав, ќе ја земел некој претходно за анализиа, а сега само со едно типкање ќе најдат на интернет. Инаку, јас сум престар за компјутери“, рече тој во една прилика.

 

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *