Дури четворица автори на „Македоника литера“ се кандидати за Меморијалната награда „Астрид Линдгрен“ за 2025 година, која ќе биде соопштена на 1 април.
Номинирани автори, од кои „Македоника литера“ има публикувано дела, се:
Ѓин Бо, Кина,
Хуанг Беиѓиа, Кина
Сања Пилиќ, Хрватска,
Ана Хеглунд, Шведска, илустратор (и писател).

Меморијалната награда „Астрид Линдгрен“ за 2025 година ќе биде соопштена на 1 април во 13:00 часот по средноевропско време, во програма во живо од Стокхолм и на Саемот за книгата за деца во Болоња. Објавата во живо на веб-страницата: alma.se/en .

Меморијалната награда „Астрид Линдгрен“ е најголемата светска награда за литература за деца и млади за возрасни (заедно со наградата „Ханс Кристијан Андерсен“). Создадена е во 2002 година од шведската влада за да го промовира правото на секое дете на големи приказни.
„Македоника литера од овие автори ги објави следните книги: Ѓин Бо: „Миризливата птица“ (од серијата „Најдобрата кинеска литература за деца“), Хуанг Беиѓиа: „Бадникова вечер“ (од серијата „Најдобрата кинеска литература за деца“), Сања Пилиќ: „Баш сум хепи!“ и Улф Старг, Ана Хеглинд: „Умееш ли да свиркаш, Јохана?“