Сутерен.мк

Ако е „лекот“е отров, зошто не го забранат?

Игуменот Спиридон од манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, кој се наоѓа во ресенското село Јанковец, од козлец прави лек, што им помага на болните од рак.

-Станува збор за растението козлец, односно змиско грозје. Се зема коренот од него, кој сам по себе е природен цитостатик. Има малку отров во него, кој директно ги напаѓа канцерогените клетки. Јас извесно време бев во манастирот Хиландар на Света Гора и таму го прават по видение на бугарски светител. Имал видение како треба луѓето да се лечат. Но, бидејќи манастирот не може, не е во состојба да направи толку лек за потребите и за Србија и за Македонија, во еден разговор со архемантдритот, тој не благослови нас, ние да го правиме. Фала му на Бога сега за сега ги наоѓаме коренчињата.

Нам ни ги праќаат од Гевгелија, а ние тука го изработуваме. Минатата година немавме многу, не можевме за сите да направиме, но за среќа ова растение го има секаде низ Македонија. Бог по неговата промисла благослови човек од Гевгелија, па во неговата нива најде многу корени и ни ги испрати и тука ги сушиме. Човекот слушнал дека по Божјата милиост го правиме ова добро дело и се приклучи, подаде рака за помош на овие болни. Досега имаме дадено околу 4.000 кутувчиња со лек, на луѓе на кои вистински им треба. Искуството кажува дека 80 проценти од луѓето кои дошле тука да го земат лекот имаат успешни резултати. Имаме добиено писма во кои луѓето опишуваат каква била болеста пред лекот, па што се случило откако го земале лекот, со снимки и разни испитувања.

Тоа е , како што вели црквата, бесплатно го добивте, бесплатно го давајте. Е сега, секој сам по себе како христијанин си ја знае должноста дали ќе сака да помогне или не и како ќе се однесува. Имаше и случај кога пративме кутивчиња по карго за Гевгелија и каргото задоцни неколку дена и нормално сите кутивчиња ги фрливме. Јас не сакам да ризикувам некого да го отрујам со тоа. Затоа треба секој да дојде во манастирот. Не само што ќе направи подвиг за себе си, ќе го запознае манастирот, ќе поразговараме. Бог овде ќе го слушне неговиот глас и мислам дека ќе има многу позитивни резултати.

Од искуство, тие што дошле тука да земат лек, а имало и со солзи што заминале и со голема радост, дури 80 проценти од нив имаат позитивни резултати. Значи веќе немаат дијагноза канцер. Дури имаше една жена од Струмица, која ми прати писмо и пишува дека и се излечил карцином на нервни влакна на коските. А со сопругот две години поминале голгота. Бог милоста ја пројавил само од една доза. И сега е чиста. Лекот се прави по потреба на болните луѓе, а не за продавање или препродавање.

-Јас имам сознание, а и така ни е напишано во упатството, дека треба да се зема 15 дена па да се направи пауза од еден месец и да се користи уште еднаш. Се во зависност од тоа дали болеста прогресира или има можност сосема да се уништи. Но, пред извесно време дознав дека еден свештеник во Австралија 20 години го користи лекот и уште е жив. Уште има рак и уште живее со него. Сакам да кажам дека Бог делува на секаков начин. Се е во неговата десница која лекува и допушта болести. А допуштањето на болестите е само заради наше вразумување.

-Го сечеме коренот на коцки, во голмина на зрно од пченица,го ставаме во мед. Го работиме по рецепт, така како што ни е предадено од Света Гора. Пред се го првиме најмногу со молитва. Претходно се молиме за тие што ќе го земат, сите што имаат потреба од лекот Бог да делува . Бог во нивната милост и човекољубие. Да ги допре најпрвин во срцето, да ги оттргне од гревот, а потоа да им го даде телесното здравје. Кога ќе го направиме, пред да почнеме да го даваме на луѓето 15 дена јас го користам за да видиме да нема одредени нус појави на луѓето, за да со сигурност се увериме дека нема да имаат проблем. Се зема секое утро по едно зрнце пред јадење.

Не смее да се џвака, многу е горчливо, затоа само се голта. Јас го конзумирав. Три дена по земање на лекот не можеш да вкусиш ниту леб ниту вода, бидејќи, како што реков, тој сам по себе има малку отров во него и токму тој отров е корисен за борба против канцерогените клетки. На пример ако обична тегла мед ставиш во фрижидер ќе се зацврсне, ќе кристализира. Но, со лекот не кристализира, па и една година да стои во фрижидер.

****
По повод текстот, се изјасни и доктор Нико Беќаровски преку Фејсбук статус:
ARUM MACULATUM (Козлец)
(Змиско грозје)

Овие два дена ФБ е преплавен со чудотворниот лек за рак, произведен од коренот на ова растение.
МЕДИЦИНСКИТЕ ФАКТИ СЕ СЛЕДНИВЕ:
✓ Сите делови на ова растение, вклучувајќи го и коренот се ОТРОВНИ поради високото ниво на ОКСАЛАТИ.
✓ Отровот триглохинин е цијаниден гликозид кој го содржи ова растение.
✓ Најотровен дел на растението е плодот.
✓ При долготрајна термичка обработка, најголем дел од отровот се уништува, но сепак не се елиминира комплетно.
✓ При внес на само 3-4 бобинки се јавува изразито жарење, болки во стомакот, алергиски манифестации, проливи итн.
✓ Дел од научните студии ќе бидат споделени во коментарите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *