На Македонија не и’ фалат закони, туку добри закони.
Па како да се спроведуваат кога тие се пишуваат за да не се спроведуваат. Тоа не мора и по правило не го пишува во самиот тој закон, туку на друго место, во друг закон.
Целта на секој закон е да се спроведува, ако не се спроведува, тоа не е закон.
Па дури и тие институции, кои ги обвинуваме за неспроведување, се создаваат со закон.
Тие институции се само ,,нечии“ оправдување за неспроведувањето. Најчесто, тие ,,најмудрите “ седат во некој кабинет (политичари, професори) пишуваат ,,добри“ закони, а оние ,,сељаците во институциите“ не знаат да ги спроведуваат. Како тоа за 30 години трипати носиме закон со исто имем.
Зар толку брзо напредуваме или претходните ништо не чинат. Сегашниот го чека иста судбина.
Добар пример дава Слаѓана Тасева еднаш е добро ,, се забранува градба до 30 м. од брегот на езерото“ потоа ,,до 50 м.“ па пак се враќа ,,до 30 м.“
И за ова се криви институциите? Во кој наш има заштитни елементи и стабилизатори, кога работите нема да тргнаат како што пишуава во законот?
Во никој. И на крај, за пишување на закони барем малку треба Господ да те допре. Не добиваат Нобелова награда за книжевност професорите кои предаваат книжевност.
(Авторот е економист, експерт за даночни прашања.)
*Мислењата изнесени во текстовите се лични коментари на авторите и не го претставуваат ставот на сајтот suteren.mk