Сутерен.мк

Алек Болдвин уби жена на снимање!

Актерот Алек Болдвин, кој денеска на снимање на филмот „Rust“ во Ново Мексико ја уби директорката на фотографија и го рани режисерот, бил на разговор во полицијата како дел од истрагата за трагичниот инцидент кој ја потресе филмската индустрија!


Халина Хачинс (42) е убиена, а режисерот Џоел Соуза (48) е повреден на сетот од филмот што се снима во округот Санта Фе, а околностите за пукањето се испитуваат.
Пукањето се случило на средина на сцената, која или се вежбала или се снимала.
Истрагата треба да утврди како се случило во пиштолот да има вистински куршуми.

Не е невообичаено при снимање да се користи вистинско огнено оружје, но обично се користат ќор-фишеци, кои произведуваат само светлина и звук, но немаат смртоносно полнење.

Инцидентите како што е овој, иако се исклучително ретки, не се и непознати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *