Сутерен.мк

Али: На власт сме 20 години и правевте р’шум

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ги коментираше сопартијците од т.н. „Огнена група“ во неговата партија, велејќи дека „останале на власт 20 години и правеле р’шум“.

Ахмети рече дека во ДУИ има војна меѓу функционерите, „да си го заземат местото еден на друг“. Зборувајќи за „огнените“, тој пред жителите на гостиварското село Врапчиште рече дека грешат и побара од нив да им се придружат на актуелните партиски челници и да им помогнат.

„Им кажав дека се луѓе кои сум ги имал за пријатели, ги имам за пријатели, грешат, тотално грешат, бидејќи поминаа 20 години и не дека страдале за нешто, секогаш со функции, ако имаше некој што немал функција, ќе беше налутен. 20 години ршум со функции и уште не се среќни, тргни овој стави тој, јас водам органи и имам одговорности, не можам да бидам пристрасен“, рече Ахмети.

„Огнената група“, неформалната партиска фракција предводена од Изет Меџити и Блерим Беџети, се бори за реформи во партијата и да издејствува оставки од вицепремиерот Артан Груби, министерот за надворешни работи Бујар Османи и други актуелни владини функционери на ДУИ.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *