Францускиот град Анси важи за еден од најчистите и најубавите европски градови, а го нарекуваат и како алпска Венеција поради бројните канали, но и преубавата архитектура.
Градот е и седиште на департманот Горна Савоја – се наоѓа во Југоисточна Франција, на 35 километри од Женева и 150 километриод Лион.
Дворецот во Анси е изграден помеѓу 12 и 16 век и служел како резиденција на женевските грофови и војводи, а денес тој е музеј и опсерваторија.
Анси лежи на бајковито глечерско езеро, има прекрасни европски градини, а војуни, почнувајќи од 1960 година, тука се одржува и еден од најпрестижните меѓународни фестивали на анимирани филмови.