Сутерен.мк

Американски устав продаден за 43 милиони долари?!

Извонредно ретка копија од американскиот устав донесен во 1787 година е продаден во четвртокот во Њујорк во организација на аукциската куќа Sotheby’s за рекордни 43,2 милиони долари!


Аукциската куќа првично процени дека документот ќе постигне цена од 15 до 20 милиони долари. Идентитетот на новиот сопственик на овој примерок од американскиот устав остана непознат.

Од Sotheby’s појаснија дека станува збор за еден од само 13-те сочувани примероци на документот, печатен за потребите на Уставната конвенција одржана во 1787 година во Филаделфија, што тогаш им се поделени на учесниците на конвенцијата и еден од само двата примерока во приватна сопственост.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *