Сутерен.мк

Американците масовно го напуштаат Фејбук!

Од својот почеток, оваа социјална мрежа бележи постојан раст на корисници. Меѓутоа, вчера беше забележан првиот пад на бројот на корисници како и понизок раст на приходите од рекламирање отколку што се очекуваше. Поради ова, акциите на берзите паднаа за околу 20 отсто!

Фејсбук во средата го забележа првиот пад на бројот на корисници на месечно ниво откако постои оваа компанија.

Огромниот пад на акциите кој ја спушти и пазарната вредност на оваа компанија, укажува дека корпоративното менување на името во Мета не е доволно за инвеститорите да ги заборават проблемите и аферите на оваа социјална мрежа.
И не само што не добиваат нови корисници, туку Фејсбук изгуби и милион дневни корисници во Северна Америка. Проблемот е во тоа што најголемиот дел од приходите на оваа компанија доаѓаат токму од Северна Америка.

Сепак, Фејсбук и понатаму е исклучително профитабилна компанија. И не само тоа – оваа компанија генерира повеќе пари отколку поединечни земји членки на Европската Унија. Со тоа може слободно да се каже дека моќта и влијанието на оваа корпорација е поголема и од поединечни земји.

Само во текот на изминатата година, Фејсбук оствари профит од 40 милијарди долари и тоа во главно од реклами.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *