Сутерен.мк

Америка ќе го забрани ТикТок

Одборот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД планира следниот месец да гласа за нацрт закон со кој во Америка би била забранета популарната кинеска социјална мрежа ТикТок.

Законот, кој го предложи републиканецот Мајкл Мекол ќе му овозможи на Вашингтон на легален начин да ја забрани употребата на ТикТок поради загриженост за националната безбедност.

„Загрижени сме бидејќи оваа апликација на кинеската влада дава увид во нашите телефони“, рекол Мекол.
Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп во 2020-та година се обидел да блокира нови корисници да ја преземаат апликацијата и да забрани парични трансакции кои би ја блокирале употребата на апликацијата во САД.

Администрацијата на претседателот на САД Џозеф Бајден во јуни 2021-ва година официјално се откажала од таа идеја.
ТикТок, кој има повеќе од 100 милиони корисници во САД, се обидува да го увери Вашингтон дека не собира лични податоци од граѓаните, ниту дека може да пристапи до нивните содржини на телефон, како и дека со нив не може да манипулира Кинеската комунистичка партија на Кина или било кој друг под влијание на Пекинг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *