Сутерен.мк

Анонимно подмирени рабуши

Не, ова не е кај нас, ама барем е на Балканот!

Анонимен донатор ги подмирил долговите на жителите од населбата Свети Иван во Бар, Црна Гора, што ги имале во локалниот минимаркет во износ од петстотини евра.

Тој преку порака, побарал од продавницата да му ги достават долговите на нивните клиенти без нивните имиња. Како што наведува порталот Једро, донаторот живее во странство, а потекнува од тоа место и ова го направил во чест на месецот Рамазан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *