Овен
Овните ретко кога кажуваат едно, а прават друго. Обично прават нешто погрешно и не зборуваат за тоа. Си го ценат мислењето, горделиви се и без разлика дали живеат во палата или во мало станче, до крајот на животот ќе инсистираат дека тоа е токму она кон што се стремеле цел живот.
Овенот сите одлуки ги донесува детинесто, лесно стапува во брак, ама лесно и се разведува, а неговиот партнер има склоност кон необични несреќи со смртен исход или со тешки повреди. Овенот има различни веѓи и секогаш самозадоволен израз на лицето.
Бик
Биковите се дефиниција за емоционален ролекостер. Во еден момент се среќни, а веќе во следниот се километри под земјата. Бидејќи е земјен знак, Бикот може да ужива во паузите меѓу туширањето, буквално поретко се тушира од останатите знаци бидејќи тоа му е во природата.
Биковите сакаат филмови со среќен крај, ама немаат никаков проблем да му се развикат на келнерот ако им доцни со кафето. Без никакво животно искуство им прават стручна психоанализа на пријателите и им даваат замерки за непостоечки работи.
Близнаци
Сакаат да мислат дека се половина Сократ, половина Микеланџело, додека во реалноста се половина Џокер, а половина Бетмен. Агресивни се и неподносливи, ама сакаат како луди. Во состојба се да се расправаат со сопствените деца за последното парче торта.
Ги користат Вагите како ослободување од стресот. Зборуваат гласно за да бидат слушнати, што е вистинска штета бидејќи најчесто си се обраќаат самите себеси. Ама, некој кој не ги сака Близнаците.
Рак
Раковите мора да знаат што се случува во животите на сите живи суштества во галаксијата. Штета што често немаат претстава што се случува во нивниот живот. Се облекуваат само затоа што мораат, а најмногу би сакале да бидат голи цело време. Облеката ја пеглаат по потреба.
Тврдат дека се тактични и дека имаат решение за сè. Ако сте Рак и ви се чини дека некој е шегува со вас, веројатно сте во право. Но во едно се добри – во носењето на пијаните пријатели дома. Тие пријатели се обично Рибите.
Лав
Лавот сака внимание по секоја цена. Често си го бакнува својот одраз во огледалото откако му се воодушевува цел час. Лавовите мора да ги сослушате до крај, зашто ако ги прекинете и тргнете да ја напуштате просторијата, ќе застанат пред вас и ќе го завршат својот монолог, кој секако се однесува на нив.
Тешко стапуваат во брак бидејќи никој не им е достоен. Ако и решат да се омажат, Лавиците најчесто го кријат својот партнер заклучен во шпајзот за да не ги срами кога ќе дојдат гости. Го сакаат целото внимание само за себе. Сакаат добри расправии и борби, особено со Овенот.
Девица
Припадниците на овој знак се концентрираат на правилно дишење и редење на гардеробата по боја. Ја чистат секоја површина двапати дневно, а потоа со лупа бараат бактерии. Честопати се предизвикувачи на сообраќајни незгоди. Кога ќе ги прашаат зошто, одговорот е обично дека виновник е автомобилот на несреќникот.
За Девиците не сè црно или бело, туку чисто или валкано. За нив дефиниција за пекол е живот со Водолија затоа што ќе остава ѓубре зад себе и уште ќе се смее за тоа. Толку се откачени што омилена занимација им е отворање и затворање на вратата на фрижидерот, обидувајќи се да ја измамат сијаличката.
Вага
Толку се елегантни и фини што никој не ги поднесува. Вагата не е во состојба да донесе одлука. Нејзиното интересирање за актуелните случувања често завршува со некоја сосема неповрзана тема. Постојано се грижат што мислат другите за нив. Се обидуваат да не јадат брза храна и никогаш сами не го фрлаат ѓубрето. Тоа е под нивно ниво.
Според легендите, во историјата на постоењето на продавниците за користена гардероба забележани се само две Ваги – предавници на својот знак. Претенциозни и надмени, Вагите се најчестиот холивудски знак.
Скорпија
Родените во знакот Скорпија рано почнале да се интересираат за компјутери само за да можат да употребуваат специфична терминологија, па не чуди фактот што хакерите се најчесто од овој знак. Навистина се посебни. Скорпиите се од оние луѓе кои се во состојба да запалат цигара додека се тушираат. Својата животна филозофија ја објаснуваат со пцости. Скорпиите мамат во игрите на среќа.
Тешко им е да сфатат дека „Ѕвездени патеки“ е фикција, а тие не се водачот Борг. Затоа не е ни чудо што Ноќта на вештерките е во периодот на Скорпиите. Само тогаш можат да се маскираат во доктор Ху, а да не бидат уапсени за нарушување на јавниот ред и мир.
Стрелец
Стрелците се родени авантуристи. Убиваат пајаци со голи раце и немаат проблем да одат во темница до тоалетот среде ноќ. Повеќе би прифатиле голем и тежок предизвик отколку да направат нешто на полесниот начин.
Сакаат да бидат забавувачи, да ги забавуваат семејството и пријателите, но и непознатите. Гласни се и немаат проблем со тоа. Стрелците ги сакаат животните и малите деца, а возрасните апсолутно не ги поднесуваат.
Јарец
Јарците се вредни, поверливи и по малку здодевни. Добри се во математика. Важат за најголемите „давежи“ од сите знаци. Повеќето политичари се токму Јарци. На некој начин се наоѓаат меѓу Лавот и Девицата, мислејќи дека тоа ги прави харизматични, а всушност не сфаќаат дека тоа и не е некој комплимент. Способни се.
Во случај на нуклеарна катастрофа животот на земјата би го продолжиле само Јарците и лебарките. Немаат многу пријатели и не се во тек со модата. Најголем број од фалсификаторите биле Јарци.
Водолија
Водолиите сакаат забави. Нивното мото е да бидат секогаш и секаде. Малку се носталгични по шеесеттите бидејќи тогаш можеле да шетаат голи и да не бидат уапсени. Според нив сè е дозволено, зашто само еднаш се живее.
Поради тоа ги нервираат луѓето во нивната околина, а сметаат дека имаат космичко право за тоа. Веруваат дека ако се потрудат можат дури и да одат по вода. Повеќето рок-ѕвезди се Водолии.
Риби
Каде и да одат ги следи смеа. Не затоа што се духовити, туку затоа што се смешни. Немаат никаква ориентација во просторот и подобро избегнувајте да ги прашате да ви објаснат каде се наоѓа нешто. Ќе ве пратат со километри далеку во спортивна насока. Додека Лавовите се стремат кон сопствено истакнување и привлекување на вниманието да станат познати, Рибите би сакале тоа да се случи сосема ненадејно.
Велат дека сакаат искрена критика, меѓутоа ако им кажете дека нешто што направиле не ви се допаѓа, тие се навредени. Кога се расправате со Рибите не се повикувајте на логика. Раковите велат едно, а прават друго. Скорпиите кажуваат една работа и тоа од чист инает, Рибите секако ќе кажат премногу и ќе направат што сакаат во тој момент.