Шефот на програмата „Орион лунар“ за вселенското летало користено во мисијата „Артемис 1“, Хауард Хо, соопштил дека луѓето може да бидат активни на месечината и да живеат таму заедно со ровери што ќе ја поддржуваат нивната работа.
„Сигурно е дека во оваа декада ќе имаме луѓе кои ќе живеат долго таму, зависно од тоа колку долго ќе може да останеме на површината на месечината. Тие ќе имаат свои живеалишта и ровери. Ние ќе испраќаме луѓе на површината, каде што ќе живеат и ќе се занимаваат со наука“, изјавил Хо.
Најмоќната ракета на човештвото, Артемис 1 по три неуспешни обиди, беше лансирана без екипаж во средата, на 16 ноември од космодромот Кејп Карневал во Флорида. Ракетата сега се наоѓа на околу 134 000 километри оддалеченост од месечината.
„Тоа е првиот чекор што го направивме за долгорочно истражување на длабочините на вселената не само за САД, туку и за светот. Мислам дека тоа беше историски ден за НАСА, како и историски ден за сите луѓето кои го сакаат човечкиот вселенски лет и истражувањето на вселената. Се враќаме на месечината. Работиме на одржлива програма, а ова летало ќе ги однесе луѓето повторно на месечината“.
Леталото ќе лета на 60 милји од месечината и ќе продолжи уште 40.000 милји пред да се заврти назад со правец кон Тихиот Океан на 11 декември годинава. Вселенското летало ќе патува со брзина од 1,3 милји на час за време на 25-дневната мисија, со што воедно ќе ја достигне најдалечната точка што некогаш ја постигнало вселенско летало наменето за луѓе. По враќањето во Земјината атмосфера се очекува да слета на брегот на Сан Диего, Калифорнија.
Успешната мисија ќе го отвори патот за „Артемис 2“ и „Артемис 3“ кога и во двете ракети ќе има луѓе кои ќе одат до месечината и назад. Со мисијата „Артемис 3“ што веројатно ќе биде во 2026 година, се очекува луѓето да се вратат на месечината за прв пат под мисијата Аполо 17 во 1972 година.
Програмата Артемис на НАСА, именувана по близначката на Аполо, научниците планираат постават и Лунарна порта, односно вселенска станица каде тие ќе живеат и работат додека кружат околу месечината и ја проучуваат нејзината орбита.