Сутерен.мк

Баланеску квартет во Скопје!

Во Филхармонија во Скопје утре вечер ќе настапи светски познатиот Баланеску квартет. Композициите што ќе бидат изведени се дело на нивниот фронтмен Александар Баланеску од Романија, кој на прес конференцијата по повод концертот, меѓу другото, рече:
– Во моментов светот повторно се соочува со криза, тука е пандемијата, но и војната меѓу Русија и Украина. Мислам дека токму преку музиката и љубовта можеме да ги вратиме изгубените човечки вредности и само на тој начин можеме да најдеме сила да продолжиме понатаму. Дека во овие тешки времиња е единствено музиката, уметноста и љубовта можат да го спасат светот, односно да не спасат нас самите. Единствено музиката и љубовта може да ни овозможи да се надеваме и да чезнееме за светлина и подобро утро!

Во квартетот настапуваат Јури Калнитс – виолина, Хелен Каминга – виола и Николас Холанд – виолончело.
Ова е нивни втор настап во Скопје, првпат настапија пред речиси, две децении.
„Баланеску квартет“ е формиран во 1987 година и ужива репутација на еден од водечките состави за современа музика во светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *