Зборовите денес толку многу се намножија, што вредат колку еден барел нафта. Затоа ова се зборови во слики. Некои од приложените фотографии се матни, други темни, трети имаат рефлексија, ама зад секоја последица стои причина. Причината во случајов е тоа што фотографирав јас лично и персонално и тоа со скршен мобилен телефон, плус везе си немам од електронски направи. Ако е за утеха, културата денес е измпровизација пуштена во виртуелен простор, што во карантинскиве времиња не може да биде ништо друго освен симпатична.
Материјалот што се гледа е создаван горе-доле две години, затоа што техниката – сликање на стакло, бара честа посета на оптичарски работилници. Се надевам дека изложбата ќе ја повториме во реалниот живот (дополнета и надградена), кој сигурно ќе дојде кога Венко ќе рече дека може. Тогаш ќе си ги искршиме коските од гушкање, ќе оглувиме од слушање рок, и ќе „умреме“ од премногу љубов. Бидете умни и останете здрави, зошто дури тогаш…мамата!
Ноне А. Ноциќ