Добитничката на Нобеловата награда за мир Малала Јусафзаи и компанијата Епл ќе соработуваат во производство на неколку програми, меѓу кои и драми, серии за деца и документарци што ќе се емитуваат на стриминг сервисот на технолошкиот џин.
Всушност, продуцентската куќа на Јусафзаи „Екстракурикулар“ и производителот на Ајфон уште во 2018 го основаа фондот „Малала фонд“ за помош на образованието на девојки ширум светот, па оваа најава е само проширување на досегашната соработка.
Малала (23) го преживеа застрелувањето в глава во 2012 година од страна на талибанците поради нејзината борба против талибанските забрани жените да имаат право на образование, а дипломираше на Оксфорд, минатата година.