Целосно дигиталното дело на американскиот уметник Бипл (Beeple) продадено е за 69, 3 милиони долари што е рекорд за ваков вид на уметнички дела, соопшти аукциската куќа Кристи. (Онлајн продажбата ја следеа дури 22 милиони луѓе!)

Со оваа продажба, делото „Everydays: the First 5 000 Days“ – колаж на цртежи и анимации собирани секојдневно во текот на пет илјади денови, го прават Бипл (Мајкл Винкелман) за најскап уметник на светот. Тој своите проекти почна да ги продава од октомври, минатата година.