Миа Блажевска Еминова го освои првото место во својата квалификациска група на Олимписките игри во Токио во дисциплината од 100 метри слободно.
Таа настапи во втората квалификациска група и делницата од сто метри ја помина за 57,19, резултат што е послаб за шест стотинки од нејзиното најдобро време, но беше доволен за првото место во квалификациската група.
Во вкупниот пласман во квалификациите, македонската пливачка заврши на 40-тото место од 52 пливачки. Најдобрите 16 се пласираат во полуфинале.