Флоренс Најтингејл секогаш носела бела униформа. Секако, белата боја е симбол на чистота, а во случајот на медицинските сестри тоа е и примерна и практична боја, бидејќи на неа се гледа секоја дамка.
И хирурзите носеле бело се до 1914 година, кога некој заклучил дека црвената крв на белата униформа изгледа одбојно и непотребно впечатливо. Затоа преминале на темнозелени униформи, кои многу подобро ја неутрализирале бојата на крвта.
Кон крајот на Втората светска војна изменет е начинот на осветлување во салите за операции, па повеќето хирурзи преминале на „магловито-зелена“ боја која пак, некаде околу 1960 – та, ја замениле со „фока-сина“, што во себе содржела доста сиви нијанси. Оваа сивкастосина боја многу подобро се гледала на мониторите преку кои студентите на медицина ги следеле операциите.