Да се носи бела боја на нечија венчавка е еднакво на непочитување. Единствено, може да останете во сеќавање како личност која сака да се натпреварува со невестата.
Бидејќи многу невести ја преферираат беж бојата, препораката е иста.
Ниту бојата на кожата не е најкултурно да ја носат гостите на туѓото венчавање.
Црната и темно виолетовата боја се знак на тагување, па не е препорачлово да се облекуваат на нечии свадби. Сепак, ако се искомбинирани со пулејки и други весели детали, може и да поминат…
Сите силни бои всушност, се аут. Како и црвената. Ова е ден на невестата и се што е многу упадливо на облеката на гостите е невкусно.