Актерката Мајим Биалик, која во ТВ серијата „Теоријата за големата експлозија“ ја игра Ејми Фаре Фаулер, изјави деновиве дека снимањето на серијата завршило заради причини што не ги знае јавноста?!
„Џим Парсонс (Шелдон) и јас имавме многу убави заеднички моменти на снимањата, а за тоа ни помогна и што ни тој, ни јас не сме премногу сентиментални личности. Тоа ни помогна во глумата, како и во тоа да се соочиме со завршувањето на соработката после десет години“, изјави Биалик за Us Weekly.
Таа додава и дека за прекинување на серијата влијаеле низа на фактори за кои јавноста не знае ништо, но вели дека пресудно било што кај повеќето од актерите преовладувало чувството дека дошло време да продолжат понатаму со животот и да видат кои се други предизвици ги очекуваат во иднина.
Овој популарен ситком серијал заврши во 2019 година, после 12 сезони прикажување.