Сутерен.мк

Бугарските провокатори се како Jеховини сведоци

Повторно во Преспа ни се појавија Јеховините сведоци, но овој пат во лицето на бугарските пропагатори кој на сличен начин како Јеховините сведоци сакајќи да ја искористат економската ситуација, бараат да ни ја сменат македонската националност, предупреди лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонската алијанса за европска интеграција и голем поборник за правата на Македонците во оваа земја, Васил Стерјовски.

Сепак нагласува дека Македонците во Мала Преспа, но и во цела Албанија каде што живеат ќе ја издржат и ова бугарска пропаганда која врз Македонците трае повеќе од век и половина.

-Македонскиот револуционер Петар Поп Арсов уште во 1894 година за бугарската пропаганда во Македонија која се одвивала преку бугарската црква има напишано: “Егзархијата дава пари и купува ветер зашто народноста со пари не се купува – тоа е такво деликатно нешто, кое штом сети дека го пазариш изветрува“. На неканетите бугарски новинари во село Глобочени, Општина Пустец им порачавме дека ние сме Македонци, сподели Стерјовски на социјалните мрежи, објавувајќи видео од расправија со бугарски државјани.

Стерјовски потенцира дека Македонците од Албанија низ историјата поминале низ многу премрежја и опстанале како пред 20 години во Преспа, кога како што тврди, „имале наезда на Јеховини сведоци кои не избирале средства да ја сменат верата на Македонците“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *