Како што јавуваат нивните портали, најнов „хит“ меѓу бугарските крадци е кражба на украински таблички. Затоа што украинските возила (со украински таблички) , како бегалци, се ослободени од плаќање на паркинг.
Освен ова, луксузните автомобили без осигурување, аларми и заштита ги направија крадците на автомобили во Бугарија многу активни. Полицијата веќе презема мерки.
„Се разбира, возилата за кои станува збор, особено полуксузните, најверојатно ќе бидат цел на криминално навлегување. Работиме со криминалниот контингент. Имаме и други настани што ги планиравме, а нашата идеја е што повеќе да ја ограничиме можноста за ваков вид криминал“, изјави Калојан Калојанов, директор на полицијата во Бургас.
Освен кражби на автомобили , веќе се регистрирани и случаи на украдени регистарски таблички на украински автомобили .