Љубовните филмови расипаа многу нешта во вистинскиот живот со своите идеални расплети, совршени мажи и со она „живееја среќно до крајот на животот“. Речиси секој од нив има некоја сцена поради која ви доаѓа да го акнете екранот со првиот предмет што ви е на дофат!
Упорност
Иако девојката го одбила на многу директни начини, тој не се откажува! Верува во љубовта и знае дека таа ќе му роди глутница деца. Во многу филмови „не“ никогаш не значи не, туку декат тој треба повеќе да се потруди, бидејќи таа и самата не знае дека го сака токму него.
Несвесност
Главните хероини никогаш не знаат колку се убави и баш и е неопходен токму тој маж за да и ги отвори очите. Ваквата улога нормално, секогаш ја игра некоја преубава актерка!
Бегалка
Таа стои пред олтарот и токму пред да го каже она ДА, влетува другиот маж кој пред стотици луѓе и изјавува љубов, а таа баталува се и бега со него кон залезот на сонцето. Тоа што сево ова е тотално непристојно, безобразно и непростливо сурово што „погрешниот“ (кој обично е фино момче) е понижен пред сите, не ги тангира многу продуцентите.
Нелогичности
На почетокот на филмот (од глупави причини редовно) тие двајца не се поднесуваат, кон средината одеднаш сфаќаат дека меѓу нив има необјаснива хемија, но ќе се испокараат уште еднаш и на крајот завршуваат заедно среќно! Тоа разликите меѓу нив кои во реалниот живот и тоа како се проблем, никого не го интересираат каде отидоа.
Очај
Таа работи, живее сама, има мачка. Станот и е во хаос, таа е во хаос, се е во хаос, се додека не го запознае него – единствениот на светот! Наеднаш се волшебно се менува во совршенство. Зошто соло жените во ваквите филмови никогаш не се среќни, реализирани госпоѓи на кои не им треба принц на бел коњ?!
Замолчување
Таа е бесна, се дере, мафта со рацете, на раб на експлозија е, а тој на сред тој курцшлус ја бакнува и – смирува! Која навистина бесна жена би ја заборавила својата елаборација во секунда, заради бакнеж?! Секако, после таквото „замолчување“, таа никогаш не го довршува својот монолог, а проблемите си се решаваат сами од себе.
Неверство
Кога некој од двата главни ликови во ваквите лимонади ќе го изневери партнерот, тоа е сосема ок. Тоа што и го скршил срцето, го понижила едноставно, бил/а говедо, не е битно – имал причина, а и најважно е што на крајот се пак заедно?!