Сутерен.мк

Варуфакис го обвини Закерберг за кражба?!

Поранешниот министер за финансии во Владата на СИРИЗА и претседател на грчката партија МЕРА25 Јанис Варуфакис, кој преку Твитер го обвини Марк Закерберг дека новото име го „позајмил“ од нивниот Центар за пост – капиталистичка цивилизација, што исто така се вика Мета.

Преку неколку твита на англиски и грчки јазик, Варуфакис му порача на Закерберг да ги „тргне рацете“ од нивната Мета.
-Закерберг штотуку ја „позајми“ нашата Мета за да го ребрендира Фејсбук. Претходно го „позајми“ името на нашето движење, ДиЕМ за да ја ребрендира неговата криптовалута Либра. Што е следно? (Барем нашата радикална агенда за експропријација на технолошките господари е безбедна!) – напиша Варуфакис на „Твитер“, објавувајќи фотографија од знакот на нивниот центар Мета.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *