По повод обелоденувањето на случајот со злоставувањата на учителот по глума во неговото училиште во Белград, со колумна се огласи и хрватската писателка Ведрана Рудан. Меѓу другото, таа вели…
- Дали тоа тажникаво озборување после силувањето е вистински начин да се избориш за достоинство? Така нема далеку да стигнеме драги мои. Баталете го кукањето. Девојки, излезете со имињата на злосторниците. „Загарантирана анонимност“ е само повик за силувачите повторно опуштено да го извадат и да го напикаат.
Да не мислите дека не ве сфаќам, ќе ви раскажам една приказна. Кај нас во Риека работи хирург што силуваше докторка, таа мораше да ја напушти земјата. На една медицинска сестра за време на визита во болничка соба ѝ рекол дека „ќе и го набие во задницата“, го пријави, ја доби дури и интерната „парница“, а денес работи во Германија.
Една докторка на стажирање, што заспала на столица за време на ноќно дежурство, ја разбудил удирајќи ја со гол пенис по лице. Името му се влечеше по весници и портали, не ја изгуби ни работата, ни угледот затоа што е „одличен хирург“. Според мене, пресуди тоа што живееше во Хрватска. Се разбира дека такви приказни од хрватскиот живот обесхрабруваат, ама еднаш мора да се тргне напред. Вие, јас веќе не сум во игра. Единствено што можам и тоа правам, е секој ден на внука ми да ѝ ја кажувам вистината за мажите.
Имиња, девојки, изговорете ги имињата на злосторниците. Мислите дека на српската актерка Милена Радуловиќ ѝ било лесно пред да одлучи да каже јавно нешто што одамна било познато?
Хрватки! Станете Милена Радуловиќ!