Сутерен.мк

Венеција по 80-ти пат

Синоќа свечено беше отворен 80-от по ред Филмски фестивал во Венеција, а „кумата“ на овогодишниот спектакл е италијанската актерка Катерина Мурино.

Убавата бринета синоќа меѓу првите пристигнала на црвениот тепих на премиерата на филмот „Kоманданте“, како што се очекувало, а таа заблескала во раскошен фустан.

Атрактивната 45-годишна дама избрала да носи креација со потпис на брендот „Армани“ од колекцијата на висока мода, а таа го прекршила и добро познатото правило на ваквите настани – нема црвени фустани на црвен тепих.
Катерина, сепак не го испочитувала тоа, но не згрешила, изгледала многу класично, но неверојатно елегантно и заводливо. Црвеното на оваа дама навистина добро ѝ стои и го истакнува нејзиниот сензибилитет.

Станува збор за фустан со едноставна форма којшто ги открива рамениците, а од струкот до подот се шири во А крој, но за гламурот придонеле светкавите детали. Иако не делува така, сепак ова ремек-дело од модната куќа „Армани“ тежи 10 килограми.
Катерина оставила фустанот да зборува сам за себе, па не претерувала со аксесоарите, но златниот ѓердан во облик на змија сепак бил прекрасен и ефектен детаљ. Таа носела и нараквица и обетки од истиот тој комплет, а косата исто така ѝ била прекрасно стилизирана.

Госпоѓа Мурино во 2006 година била Мис Италија, а истата година била и Бондовата девојка во филмот „Casino Royale“, првиот во кој Даниел Крег ја презеде улогата на познатиот таен агент.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *