Купете готови тортиљи, премачкајте ги со маслиново и малку запечете ги во модли.
Наполнете ги со марула, краставичка, домат, кромид, пченка и месо по избор. Во салатата ставив малку масло, балзамико крема, сол.
Сосот е кари, го сакаат децата тој вкус. Малку загреав масло и во него пуштив ким, кари и лукче. Кога се олади, додадов една мала павлака.
Толку.
(Рецептот е на Наташа Д. Димитриевска)