Сутерен.мк

Викенд рецепт: Равиоли Пепелашка

Рецептот за овие равиоли е толку неверојатен, што откако кочијата се претвори во тиква, дури и кумата на Пепелашка, засука ракави и си ги направи за ноќно гурманско уживање.
Полнежот од тиква, путер и остро козјо сирење, со додавање на ф’стаци, на бизарен начин, ја имитира класичната комбинација на равиоли од тиква и амаретти (мелените бисквити се заменуваат со јаткастите плодови) иако, според Bungle, ова јадење е посупериорно.

Наведените дози се за 15-18 равиоли со калапот на Bungle, но ова може да варира во зависност од големината на равиолите што ги сакате. Целото ремек дело е готово за помалку од еден час.

Состојки

– 2 чаши брашно
– 3 јајца
– 1 лажица маслиново масло
– Сол
– Бибер
– Морско оревче
– Кари во прав
– ½ кг тиква
– Остро козјо сирење (користевме српска сорта со ф’стаци)
– Добра, хипстерска, порцеланска чинија од Re-Make Белград

Патот до совршенството

– Измерете 2 чаши брашно (350-400 г).
– Користете брашно тип 00, ако е можно.
– Просејте го со сито.
– Направете бунар во брашното.
– Додадете ги 3-те јајца.
– Добро измешајте.
– Додадете уште брашно.
– Работете го тестото 10 минути за да му дадете на глутенот добра шанса да го направи еластично и лесно за расукување.
– Оставете го тестото да отстои 30 минути.
– Загрејте малку путер и маслиново масло во квалитетна тава за пржење.
– Тиквата изрендајте ја и додајте ја во смесата со путерот и маслото.
– Зачинете со сол и бибер и додадете прстофат морско оревче и кари во прав (и двете се божествени со тиква).
– Кога тиквата ќе пушти вода, измешајте во неа голема лажица остро, меко козјо сирење и додадете малку мелени ф’стаци..
– Густата смеса треба да биде како густо пире.
– Тргнете го огнот и оставете да се олади.
– Ставете да зоврие големо тенџере со солена вода (водата треба агресивно да врие).
– По 30 минути, исукајте го тестото најтенко што можете, исечете го на кругови и ставете мала лажица фил по дното на равиолата.
– Страничниот дел од равиолата го навлажнувате со вода (по принцип на поштенско плико), истегнете го горниот дел од равиолата („капакот“) и спакувајте го така, да нема можност филот да избега при варењето.
– Притиснете ги рабовите со вилушка за да се добие декоративен раб, проверувајќи дали пакетите се цврсто затворени.
– Во зовриена вода ставајте ги равиолите еден по еден и оставете да се варат додека не испливаат на површина (не повеќе од неколку минути). Стискаме палци, ниеден да не се распадне.
– Внимателно извадете ги и завршете ги во серии поливајќи ги со путер од рузмарин кој сте го создале така што ќе исечкате свеж рузмарин на несолен путер и ќе посолите (во тава секако, кој има време за инфузии?!).
– Едно нешто што треба да се запамети е дека равиолите се готват многу брзо, па за да не бидат благи, филот и путерот треба да се зачинуваат (подоцна, особено ако не користите пармезан).
– Кога равиолите ќе добијат светло златна боја, истурете го целиот “бер нуазет“ врз златните сфери на декоративна чинија
– Послужете на штосен порцелан и конзумирајте лакомо додека пиете малку Божоле Нуво (сезона му е де).
– Бибиди-бобиди-бу!

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *