Сутерен.мк

Викенд рецепт: Јајца Беардикт

Лакмусов тест за тоа колку е културен еден град во модерна смисла е достапноста до овој класичен бранч, толку отсутен во Источна Европа. Комбинацијата од препечениот леб со шунка, поширано јајце и кадифената холандеза, со разладениот Моет е класика за бранч од Токио до Тимбукту. Простачки салфетки (леопард или празнични, нели?!) се задолжителни!

Состојки (2 порции)

– 4 парчиња шунка
– 2 мафина или лепчиња (без глутен во нашето домаќинство)
– путер
– 4 јајца за поширање

За сосот

– 3 жолчки
– 150 гр путер
– бел оцет или сок од лимон
– лажица мајонез

Чекор по чекор (идеално, работа за две лица бидејки тајмингот е клучен)

– За да ги поширате јајцата, во тенџере загрејте 1,5 л вода.
– Погрижете се јајцата да бидат на собна температура.
– Додадете малку оцет (мала лажичка).
– Направете вртлог со мешање на течноста со лажица.
– Скршете јајце во вртлогот.
– Не плашете се од белките од јајце што ќе испливаат како парталчиња.
– Оставете го јајцето околу една минута.
– Јајцето извадете го со лажица – цедалка.
– Ставете го во сад со ладна вода.
– Повторете со останатите 3 јајца.
– За да започнете со Hollandaise, растопете малку путер во тава, иако се претпочита водена бања, бидејќи се обидуваме да избегнеме beurre noisette.
– Почнете да ги матете жолчките на Бен Мари (Bain – Marie) и почнете да го додавате путерот малку по малку.
Бараниот резултат е емулзија и за да не добиете кајгана, мештајте надвор од пареата.
– Има милиони совети како да спречите преварувањето на сосот, но ако додадете една лажица мајонез, добивате совршенсто, со низок ризик за кајгана.
– На самиот крај додајте го цитрусот (лимонеста холандеза е вистинско уживање), за да не се ризикува дејство на киселината врз неемулгирана смеса.
– Потпечете ги мафините исечени на половина.
– Путер великодушно.
– На секоја половина ставете по едно парче шунка.
– На секоја половина ставете по едно јајце (погрижете се водата да се исцеди со лажицата – цедалка).
– Одозгора обилно прелијте го топлиот сос.
– Посолете по вкус и додадете бибер.
– Ако сте мајстор, жолчките и понатаму би биле течни и би додале неопислива доза луксуз на сосот.
– Отворете го шампањчето, (375 мл шампањ е сосема доволно за двајца ненаситници), рокнете го Бинг и вкусете го најдобриот појадок во годината! Хо, хо, хо!

Извор…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *