Сутерен.мк

Вистинската дама го тужи Нетфликс!

Шаховската икона на Грузија, Нона Гаприндашвили ја тужи платформата Нетфликс бидејќи е погрешно портретирана во нивната серија „Дамски гамбит“!

Во серијата се вели дека шахистката, која сега има 80 години, никогаш не играла против мажи. Документите пак, покажуваат дека Гаприндашвили до 1985 година, играла најмалку против 59 машки шахисти (меѓу кои и Борис Спаски).

„Дамски гамбит“ се базира на делото на Волтер Тревис од 1983 година и се фокусира на имагинарниот лик, Бет Хармон, но на сите им е јасно дека тоа е во суштина, Нона.

Гаприндашвили, која денес живее во Тбилиси, бара пет милиони долари отштета и отстранување на спорната реплика во серијата дека никогаш не играла против мажи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *