Сутерен.мк

Вистинската приказна за „жената со гулабите“

Новогодишните празници тешко дека ќе поминат без серијалот „Сам дома“, а во продолжетокот „Сам дома: Изгубен во Њујорк“ го има и еден од највпечатливите ликови – жената која ги храни гулабите во паркот.
Малата улога, но секако запаметена, ја толкува ирската актерка Бренда Фрикер (77), која во 1990 година освои Оскар за споредна улога во филмот „Моето лево стапало“.

Пред да стане актерка, Фрикер била помошничка на уредник во „Ајриш тајмс“, со надеж дека ќе стане новинарка.
На 19 години случајно добива мала улога на филм, а потоа и во првата ирска ТВ сапуница „Толка Роу“.

Актерката деновиве пишува мемоари и во едно интервју откри детали за својот приватен живот.
Таа раскажа дека нејзиниот живот со мајка и бил тежок: „Во еден момент се чинеше дека ме сака, а веќе во следниот добивав силни шлаканици по лицето.“

Фрикер не можела да разбере зошто мајка и се однесува со неа така, била емотивно ранлива, а кога паднала во тешка депресија, почнала да се самоповредува за да и даде одишка на душевната болка што ја чувствувала.
Поминала години на терапии, но изјави дека празниците отсекогаш, па и денес и се особено мачни.
Била во брак со режисерот Бери Дејвис, од кого се развела после девет години брак, поради неговиот проблем со алкохолот.

„На Божик и Нова година го исклучувам телефонот и ги спуштам ролетните. Живеам сама, но најосамено се чувствувам за празниците. Немам кому да се насмевнам ниту пак, со некого да поразговарам тие денови“, изјави Фрикер.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *