Сутерен.мк

Вистинскиот газда

Не толку оддамна (во 1955 година) издаден е еден глобален прирачник за „соодветно“ однесување на сопругата. Насоките се тотално неупотребливи за денешново време, но не е на одмет да се потсетиме колку големи разлики во нашиот живот донеле пет – шест децении, а и насмееме…

* Направете вечера на време. Испланирајте ја наутро, уште подобро, претходниот ден, за вашиот сопруг да го дочека вкусен оброк кога ќе се врати од работа.

* Подгответе се за мажот. Одморете се 15 минути пред неговото доаѓање дома. Така ќе бидете освежени кога ќе пристигне. Поправете ја шминката, украсете ја косата, изгледајте убаво.
* Смирете ја вревата. Кога сопругот ќе се врати од работа, исклучете ги сите домашни апарати и кажете им на децата да бидат тивки. Бидете среќни што го гледате. Сослушајте го. Секако дека имате многу да му кажете, но првин тој нека зборува. Сигурно има поважни работи на ум отколку вие!

* Не му пречете. Немојте да се жалите доколку мажот си дојде доцна навечер дома или, ако сака да замине некаде без вас. Не се сомневајте во неговиот интегритет и неговата способност за расудување или интегритет. Не заборавајте дека тој е господар во куќата и како таков, секогаш ќе ја спроведува својата волја, чесно и праведно.

*Запаметете – добрата жена знае каде и е местото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *