Сутерен.мк

Вицот на Еди Рама

На Бледскиот стратешки форум во Словенија, албанскиот премиер Еди Рама кажа виц за рускиот претседател Владимир Путин пред стотици луѓе и пред премиерите на Хрватска, Црна Гора, Србија, Бугарија, Северна Македонија, Босна и Косово:

„Не знам дали сте слушнале дека Русија сака да ги обедини своите временски зони, бидејќи имаат девет часа разлика меѓу двата краја на земјата?
Премиерот оди кај Путин и му вели: Имаме проблем. Моите беа на одмор, им се јавив да им посакам добра ноќ, а кај нив веќе беше утро. Му се јавив на Олаф Шолц да му честитам роденден, но тој рече дека му е следниот ден. Му се јавив на Си Џинпинг за да му посакам Нова Година, ама тој ми кажа дека се уште е старата година.

Во тој момент Путин одговара: Да, и мене ми се случи истото. Му се јавив на семејството на Пригожин да им изразам сочувство, а авионот се уште не беше полетал“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *