Убавата душа е слободна. Таа е реткост, но како да ја препознаеме во маса на други? Едноставно, се чувствувате прекрасно во нејзино друштво, кога шетате, пишувате, разговарате или наједноставно кога ќутите, а се разбирате баш онака ко Кетрин Денев и Теренс Хил у “Марширај или умри”.
Можам со секој да седам и зборувам, но само со избраните можам да ќутам и да знаеме без зборови што сакаме да си кажеме, мислиме, очекуваме. Понекогаш е доволна само една, една единствена средба закажана доцна попладне со тон кој не може да ја сокрие возбудата од двете страни во некој небитен мол под ебените светла на уште поебените светлечки реклами на светските брендови.
Стоејќи на граница помеѓу два света со еден НЗС “Ти беше у Тунис, како е таму?” И “Ебе ми се за Тунис, контактот е битен”.
Но кој ќе сврти внимание на тоа. Баш убав пријателски, нормално бе, прв пат се гледате, бакнеж у образ, ко да се знаете со години, а заборавате дека се гледате прв пат у живот, и го продолжувате разговорот кој е почнат некад много давно… у далекој, далекој галаксији.
Но едно нешто ве оддава, оној поглед кој неможе да се опише, сокрие, она давање на себе си како кај Рибља Чорба у стиховите „сувише мекан да бих могао да спречим, ово је вече пуно твојих трагова“, е поубаво и поинспиративно од онаа уводна нумера на Ханс Цимер у Dune part II од Денис Вилнев.
Седиме еден спроти друг на голема маса, разговор, ко да не сме се виделе со години, а ова е прво гледање, каде сега влоговите не се лектири и задачи по математика, него иднина и живот. Во тек на разговор ти лета мисла дека секогаш сте биле тука еден до друг али не сте се препознале. Јбг, животот е скапа курва која дури после долго време ти дава да уживаш у неа.
А тогаш… На идење, поглед кој ти ја открива сета убавина на тагата на разделувањето, со ветување дека за кратко ќе се видите, е тогаш се ти станува јасно, ко сонцето над Аеродром сабајле. Поздрав и оноа чувство кога раката ја држиш што подолго можеш и гушкањето силно како да ти се предава. Па џабе Смитс не ја испеале „Hand in glove“…
„… hand in glove
the sun shines out of our behinds
no, it’s not like any other love
this one is different, because it’s us …“
“Ајде вечер да не идеме негде. Сакам да облечам пижами, да седнам на под и да изгледаме некој филм заедно. Dune part II, може?. Или не мора ништо да правиме само да разговараме, а јас ќе викам да на се што ќе ми кажеш било да се слагам со тоа или не. Да го отвориме оној Татинџер од 2017 или оној Болски плавец од 1980”, btw, поклон од братучет ми од Белград. Го чував тој плавец пизда му материна за некоја посебна прилика. Па јеби га, која по посебна од оваа.
„Расте као нада, као море, као говор
Као покрет, као зора, као дете, као крв
Као жеља меđу нама
Расте као бол и гризе све пред нашим очима
Воли ме како ниси никад волела…“,
„Пар година за нас“ на онаа фантастична белградска четворка Милан, Бојан, Меги и Жика… кои бе, пар години, иди у пичку материну, цел живот е сега пред нас.
(Авторот го сакал Буковски и Капор, Питер Сејвил и Жорж Брак, али они не го сакале него. Осим архитектура не завршил ништо озбилно али сјебал пет години од животот во Легијата на странци. Перспективен, онака симпатичен по малце… Како не бе?! Навива за Црвена Ѕвезда и воли све што воле млади.)
*Мислењата изнесени во текстовите се лични коментари на авторите и не го претставуваат ставот на сајтот suteren.mk