Некои велат дека „водењето љубов“ е всушност, пристојно именување за обичен секс. Меѓутоа, сексолозите сметаат дека тоа не е вистина и дека според однесувањето под чаршавот можете да заклучите колку на вашиот партнер сте му битни.
Изразот „водење љубов“ кој го создадоа хипиците, вклучува вид на секс кој е поинтимен, поромантичен и подуховен од сексот, но кој не ја вклучува љубовта во својата дефиниција.
Кога двајца чувствуваат љубов еден кон друг, тогаш тие по автоматизам водат љубов. Двојките кои „водат љубов“, обично емотивно се поврзани и вљубени меѓусебно. Сепак, истражувањата покажуваат дека овој израз нема врска со праксата.
Всушност, се покажало дека овој израз повеќе е теоретски односно, дека почесто го користат религиозните, духовните и традиционалните луѓе кои сметаат дека зборот „секс“ е премногу груб и во повеќето ситуации, непримерен.
Од друга страна, многумина се дистанцираат од истиот, бидејќи „водење љубов“ може да создаде морална хиерархија околу сексуалноста, што имплицира дека сексот најмногу вреди кога ја вклучува романтичната љубов, а тоа секако дека не е генерално правило затоа што многумина уживаат во сексот и без емоции.
Што ќе рече, разликата помеѓу водењето љубов и сексот е субјективна, бидејќи и двете „ситуации“ можат да исгледаат тотално исто и да вклучуваат исти сексуални активности, однесување и поврзаност.
Сепак, постојат неколку знаци дали станува збор за квалитетен секс/водење љубов, а тие се следните…
- Сексот почнува после емоционален разговор или поврзување и не е цел сам за себе.
- Во текот на сексот постои интензивен контакт со очите.
- Сексот вклучува многу бакнување, пред, за време и после чинот.
- Бирате пози кои вклучуваат прегратки и блискост на телата.
- Нежни сте и внимателни, а допирите ви се набиени со емоции.
- Допирите не се насочени само на гениталиите, туку на целото тело. Рака на образот, испреплетени прсти, бакнежи по рамената, колковите… покажуваат дека меѓу вас постои длабоки чувства.
- Нема брзање, туку секој интимен момент максимално се искористува.
- За време на сексот си зборувате романтични нешта.
- Партнерот ви зборува дека ве сака.
- После сексот се галите и отворено си зборувате колку ви било убаво.