Судија го прифати предлогот и определи мерка краткотраен притвор од 48 часа за С.Д. од Струмица, кој го возел првиоосомничениот Љупчо Палевски Палчо, преку Србија, Бугарија и Турција.
Обвинителството вчера побара притвор за лицето поради сомнеж за помагање. Од тука објавија дека С.Д. го управувал возилото со кое Палевски бил регистриран на граничните премини во Бугарија и во Турција.
Од Обвинителството посочија дека постојат околности кои го оправдуваат стравот за опасност од бегство, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело.
Судот вчера определи 30-дневен притвор за четворицата осомничени за убситвата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.