Сутерен.мк

Вонредна состојба во Отава!

Градоначалникот на главниот канадски град во неделата прогласи вонредна состојба заради камионџиите кои демонстрираат против Ковид-19 рестрикциите и продолжуваат со блокадата на центарот на Отава!

Градоначалникот Џим Вотсон изјави дека со прогласот ја нагласува потребата од подршка од целата земја и владата и да им се дадат дополнителни овластувања за потребната опрема на полицијата и итните служби.

Тој додаде дека градот е тотално вон контрола и дека демонстрантите се побројни од полицијата и дека протестите се закана за безбедноста на жителите на Отава.

Таканаречениот „Конвој на слободата“ започна како движење против воведената обврска камиопнџиите да се вакцинираат против коронавирусот.

Конвојот ја привлече екстремната десница, а досега има повеќе од шеесет кривични пријави за учесниците во демонстрациите заради кражби, нанесени штети…

Демонстрантите велат дека нема да го напуштат протестот се додека не се укинат сите рестрикции во врска со коронавирусот, а бараат и смена на владата на Џастин Трудо, иако најголемиот дел од мерките ги воведуваат владите на провинциите.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *