Војвотката Кејт Мидлтон и принцот Вилијам со децата нема да бидат кај кралицата за Божик, туку во Норфолк. Имено, оваа година тие решија да се дружат со родителите на Кејт.
Мидлтон решила да биде со родителите оваа година, бидејќи Вилијам претходно избегнувал да ги помине празниците со нив.
Парот своевремено, се договорил за време на празничната сезона принцот да го помине Божик со своето семејство, а потоа да отпатува кај Кејт за да ја дочека Новата година со неа и нејзините родители семејство.
Сепак, Вилијам се предомислил во последен момент (во 2006 -та се случува ова), па ден по Божик, телефонски и рекол на Кејт дека сепак, ќе ги помине празниците дома. Оваа година изгледа, дошло време за „наплата на стариот долг“…
Кралицата Елизабета ќе го помине првиот Божик без нејзиниот покоен сопруг во замокот Виндзор. Принцот од Велс и војвотката од Корнвол ќе го поминат Божик со кралицата, а тоа го потврди и портпаролот на резиденцијата.
Кралицата секој Божик патува во Сандрингем, но овојпат нема да биде сама. Нејзиниот син, принцот Чарлс и сопругата Камила ќе ги поминат празниците со неа.
Причината поради која кралицата нема да се „отсели“ од замокот е токму поради мерките на претпазливост за да се заштити од пандемијата што ја пустоши Велика Британија.
Кралицата одеше во црква со нејзиниот покоен сопруг, војводата од Единбург, на 25 декември секоја година, редовно следена од толпа граѓани.