Пијалок од лимон и црн пипер
Природниот лек за мамурлак е едноставен: ставете три лажици свежо исцеден сок од лимон и половина лажичка црн пипер во чаша вода. Добро измешајте, додадете неколку коцки мраз и испијте.
-го смирува желудникот
-го ублажува гадењето
-ги намалува главоболките
-брзо ве буди

Зачинет сок од домати
Додадете прстофат чили, малку шеќер и исцедете парче лимон во чаша варени домати.
-ги надополнува изгубените електролити
-помага во регулирањето на шеќерот во крвта
-освежува и ја враќа енергијата
Чај од ѓумбир
Земете парче корен од ѓумбир од 1 см и потопете го во 250 мл зовриена вода. По 15 минути, процедете и испијте.
-го смирува желудникот и гадењето
-помага во варењето
-ја намалува главоболката и заморот
-вода со лимон
Исцедете сок од еден лимон во чаша млака вода
-го алкализира телото
-помага во елиминирањето на алкохолот
-ја зголемува енергијата и буди чувство на свежина.