Божик според јулијанскиот календар, кој се слави на 7 јануари, го слават повеќе од 200 милиони христијани од православна вероисповед.
Иако во источна Европа има голем број православни христијани, славата и божиќните литургии се служат ширум светот.
Македонија
Децата во нашата земја уште на 5 јануари одат од врата до врата и пеат божиќни песни т.н. „коледе“, а следниот ден се слави Бадник во домот со посна трпеза во која доминира бадниковото лепче во кое се става паричка. Пред тоа бадниково дрвце се сече на три дела, што ја претставува Света Троица, а сите три дела таткото ги внесува во куќата.
На 7 јануари, Божик, семејството се собира околу трпезата.
Србија
Божик во Србија е еднодневен национален празник од јули 2001 година. Симболот на овој празник кај православните Срби е лепче во кое се става паричка, по што се крши на онолку парчиња колку што има членови на домаќинството. Паричката, која е направена од сребро или злато, го симболизира подарокот за новородениот Христос, а се верува дека среќата го чека оној чие парче ја содржи паричката.
Божик е семеен празник и се слави дома и во црквите, а подот од куќата традиционално се посипува со слама за да се поттикне скромниот амбиент на пештерата во Витлеем каде, според Библијата, се родил Христос. На Божик луѓето се поздравуваат со „Христос се роди“, а одговорот е „Вистина се роди“.
Украина
Кога децата ќе ја видат источната ѕвезда, која наликува на Тројцата мудреци, тогаш започнува Светата вечера. Потоа во куќата се внесува пченица, што е дел од обичајот наречен „Дидух“, односно „дедов дух“, кој ги симболизира предците и желбата за добра година.
До 2023 година, цела Украина го славеше Божик на 7 јануари. Претседателот Владимир Зеленски потпиша закон според кој Божиќ во оваа земја ќе се слави на 25 декември, со цел да се оддалечи од Русија, поради војната што беснее на нејзина територија од февруари 2022 година.
Русија
До Бадник, 6 јануари, верниците во Русија се молат 39 дена. На Бадник започнуваат литургиите, а на Божик семејството се собира околу трпезата, на која има 12 јадења кои ги симболизираат 12-те Исусови апостоли.
Главните јадења вклучуваат печено свинско месо, полнета свинска глава и аспик т.е. желе направено од парчиња месо, морска храна, зеленчук или јајца. На менито е и гуска полнети со јаболка. Питите се незаменливо јадење на божиќната трпеза, а потоа пирошки, разни колачи и палачинки. Незаменлив дел е бадниковото лепче.
На Бадник вечерата се подготвува од различни видови житарки кои симболизираат надеж, со додавање мед и афион и се смета за „света вечера“. Се сервира на бела покривка за маса која ја симболизира белата ткаенина во која бил завиткан Христос при раѓањето, а во собата се внесува малку слама како потсетник на скромната средина во која е роден Исус.
Грузија
На Божик жителите на оваа земја одржуваат традиционална прошетка „Алило“. За тој настан тие носат специјална облека и ја украсуваат својата верзија на елката – „Чичилаки“. Претходниот ден се чека до полноќ, кога започнува традиционалната вечера со вино. Понекогаш наместо новогодишна елка се користи гранка од лешник, која е обликувана како Дрвото на животот и украсена со слатки и овошје.
Дедо Мраз е познат како „Товлис папа“, што значи „снешко“. Најчесто е претставен со долга бела брада, облечен во народната носија „чоху“ и крзнена наметка.
Етиопија
Прославата на Божик во оваа земја се нарекува „Гана“, а на Бадник се пости. Многу божиќни аџии патуваат во Лалибела, град на северот на земјата, со автомобил или дури и пеш. На уништените патишта, патувањето понекогаш трае со денови.
Египет
Околу 15 отсто од населението на оваа африканска земја се декларираат како христијани, а 90 отсто од овој дел од населението припаѓаат на Коптите, кои Божик го слават на 7 јануари.
Божиќните обичаи започнуваат на првиот ден од постот, по што следи црковна служба и гозба составена од манџа, зеленчук и квасец.
Казахстан
Во оваа земја Божик е национален празник за православните верници. А Ерусалимската православна црква го слави Божик на 7 јануари. Верниците на Бадник и Божик јадат многу слатки – најчесто кадаиф, а за Божик се подготвува и јагнешко месо.