Сутерен.мк

Во Слупчане долгови за струја и од два милиони денари

Екипите на Електродистрибуција вчера информираа дека ќе започнат со реализација на проектот за реконструкција на мрежата во Слупчане, откако во изминатиот период неколку села останаа без струја поради кражби.

Жителите на Слупчане во претходните денови го блокираа влезот на селото и не им дозволуваа на екипи на ЕВН да влезат да ја санираат мрежата, а исто така поставија услови за да плаќаат струја.

Еден тиктокер се пофали дека има долг за струја од 2 милиони денари, а видеото предизвика револт кај останатите граѓани, иако е старо неколку месеци.

Да потсетиме, загубите во Слупчане се 80 отсто, а наплатата е само 20 отсто.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *