Сутерен.мк

Во човечката крв има микропластика!

Загадувањето од микропластика е регистрирано во човечкиот крвоток за првпат, а научниците откриле ситни честички од пластика во скоро 80 отсто од испитаниците. Откритието покажува дека честичките можат да патуваат низ телото, а можно е и да се прилепуваат за органите!

Научниците се загрижени бидејќи честичките можат да ги уништат човековите клетки, имајќи предвид дека честиците од аерозагадувањето предизвикуваат милиони смртни случаи на годишно ниво.

Големи количини на пластичен отпад завршуваат во животната средина, па денес, микропластиката ја контаминира целата планета.

Луѓето ја внесуваат микропластиката преку храната и водата, како и преку воздухот. Таа до сега е најдена и во изметот на бебињата и возрасните.

Половина од примероците содржеле ПЕТ пластика, која се користи за изработка на пластични шишиња. Третина од примероците содржеле полисторен, пластика која се користи за пакување на храната и други продукти. Четвртина од примероците содржеле полиетилен, кој се користи за изработка на пластични кеси.
Некои од примероците содржеле неколку вида на пластика.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *