Како што веќе беше најавено, ДеЛореан се враќа на пазарот, овој пат со електрично купе наречено Алфа 5. Инспириран од оригиналниот ДМЦ-12, премиерата му е закажана за август.
Должината му е пет метри, широчината нешто над два, а вратите кои се отвораат нагоре овозможуваат пристап и до задните седишта.
Заради одличната аеродинамика ќе му овозможат автономија од 480 км. Моќноста на електромоторот не е позната, но затоа се знае дека до 96 км/ч забрзува за 2,99 секунди.
Максималната брзина му изнесува 250 км/ч, а производството ќе му започне дури 2024 година. Во план е да се направат само 88 примероци.