Сутерен.мк

Време е за кафези

Девојче од осум години искрварело до смрт од последиците од првата брачна ноќ. Од изживувањето на нејзиниот четириесетгодишен (40) сопруг.
Колку имало девојчето, 35 килограми?
Колку имал тој, 110 кг.?
Мозокот не му е доразвиен на осумгодишно дете, а не па половите органи!


Тинејџерка му пресудила на својот силувач.
Се повеќе ќе се зема правдата во свои раце.
Бидејќи, друга правда нема.
Цивилизираност значи да се контролираат инстинктите. Ако некои не можат, тогаш се ѕверови и местото им е во кафез.
На контрола на инстинктите не учи генетиката (еволуцијата), домашните и ние самите (после 8-та година од животот секој веќе мора да разликува добро од лошо.
Ако не успеете во тоа, покрај сета социјализација од ТВ, комшии, друштво, образование… вие сте ретардирана личност. Ретардиран. Не, психопат).

Индивидуата може да има нарушување на личноста, што не се смета за ментална болест, бидејќи е свесен за тоа што прави.
Во психологијата, менталното растројство се дефинира како нарушување во однос на самиот себе, другите и во однос на околината што е хронична, очигледна од детството и адолесценцијата и упорна за време на зрелоста.
Но не е ментална болест.
Накусо, не постојат докази дека воопшто и постои категорија на психопати. Тоа не е препознатливо пореметување.
Што ќе рече, сите сме психопати, ама и не сме баш.
Затоа што не силуваме, не убиваме.
Кои се тие што силуваат?
Сосема нормални личности. Ништо не им фали. Не се ретарди. Не се ментално болни! Точно знаат што прават.
И, не, не може да им се прости. Бидејќи се – Садисти.
Да не заборавиме дека ова се наши колеги, комшии, пријатели, роднини, мажи, татковци…
Кои силуваат и баби и бебиња. И девојчиња со гол папок. Мислите дека им треба провокација?
Не. Тие не ги мразат жените. Тие само сметаат дека жените се употребни предмети. “Палома”. Па нека е и бебе.
Во прилог им одат и масата жени кои се убедени во својата второстепеност. Од каде инаку таа очајна потреба за китење?
Една таква мајка си го дала детето на ваков ѕвер. Друга девојка, си го зела законот во свои раце.
Секој што брани, оправдува или бара олеснителни околности за вакви садистички појави е за во кафез.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *