Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2020 година што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“, избра десет романи што ја продолжуваат трката за престижната награда:
1. „Втората месечина“, Владо Димовски, „Арс Либрис“
2. „Најосаменото место“, Симеон Јанков, „Или – или“
3. „Денот на црвот“, Симона Јованоска, „Или – или“
4. „Уништување“, Моџо Килингтон, „Арс Либрис“
5. „Теорија за кучешката година“, Милован Стефановски, „Матица Македонска“
6. „Лебед“, Ана Стојаноска, „Полица“
7. „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“, Давор Стојановски, „Или – или“
8. „Деса“, Ивана Трајаноска, „Арс Либрис“
9. „Еден сив мартовски ден“, Тања Урошевиќ, „Или – или“
10. „Ден за одмазда“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“
Жири-комисијата треба да го соопшти добитникот на наградата, која што годинава се доделува по 23-ти пат, најдоцна до 15 март. Наградата „, се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.